-->
-->
Тепачка на стадионот во Волково, фудбалери од Коњари истепаа играч на ФК Волково
-->
Вчера во 18.10 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на фудбалскиот стадион на ФК Волково во с.Волково, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК Волково 1964 и ФК Братство од Коњари, лицата Е.Ќ.(51), И.Ќ.(48), Ќ.Ф.(33), А.Ќ.(20) и Б.А.(30), сите од с.Коњари, скопско, фудбалери на ФК Братство, го нарушиле јавниот ред и мир.
Според пријавеното, А.Ќ. и Б.А. физички го нападнале Д.В.(26) од с.Волково, скопско, фудбалер на ФК Волково 1964, а останатите лица агресивно се однесувале кон полициските службеници.
Лицата биле приведени во Полициската станица Ѓорче Петров и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци..
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Змија на тераса во Карпош | ФОТО
-
Честитка од министерот за јавна администрација по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Денот на трудот во Грција ќе се одбележи со традиционални протести
-
ВМРО - ДПМНЕ со првомајска честитка: Работниците се темелот за иднината на Македонија
-
Приведени возачи во Куманово и Кумановско под дејство на алкохол
-
Американскиот Сенат одби да ги поништи царините на Трамп
-
Камала Харис ги повикува Американците да му се спротивстават на Трамп
-
Ѓорческа против Тихонова во 2. коло на ИТФ турнир во Грузија