Тензично во албанскиот Парламент, седницата прекината
– Пратениците од опозицијата повторно предизвикаа тензична ситуација во албанскиот Законодавен дом, фрлајќи предмети кон претседателката и местото каде што седат министрите, блокирање на говорницата, за што мораше да интервенира обезбедувањето.
Опозициските пратеници, меѓу нив и лидерот на демократите Сали Бериша, претходно во своите обраќања преполни со обвинувања на адреса на владата, за веќе уапсениот градоначалник на Тирана Ерион Велиај, побараа на седницата да присуствува премиерот Еди Рама.
Тензиите започнаа откако претседателката му даде збор на министерот за односи со Парламентот, Таулант Бала.
Прв кон говорницата се упати демократот Фламур Нока, а потоа и останатите пратеници на ДП, се пробија низ обезбедувањето и го извлекоа микрофонот.
Поради тензичната ситуација претседателката Елиса Спиропали ја прекина седницата.
Ново на Сител
-
Хотелите ги отвораат вратите за пензионерите
-
Започна конкурсот за упис на бруцоши во Државниот студенстки дом во Штип
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ вечерва ќе ја финализира листата за градоначалници
-
Teма на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-
Атентат врз поддржувачот на Трамп, Чарли Кирк
-
Дрисла се уште го гуши Скопје
-
Пратениците влегоа и во Разузнавање – Документи не добија на увид