Македонија
12. May 2018 - 8:46

Тениски турнир за претставници од МНР, странски амбасади и меѓународни организации

Тениски турнир во двојки организираат денеска и утре Министерството за надворешни работи, Дајнерс клуб интернационал и Дипломатскиот клуб - Скопје.

На турнирот ќе учествуваат околу 50-тина претставници на повеќе странски амбасади во Република Македонија, меѓународни организации, претставници од Министерството за надворешни работи, како и претставници на македонската и странската бизнис заедница.

Натпреварите ќе се одржат на терените на тенискиот клуб МТП во Скопје.