Телото на папата Франциск е привремено балсамирано
Телото на папата Франциск пред неговото изложување во базиликата Свети Петар, каде верниците ќе имаат можност да оддадат почит, привремено е балсамирано за да ги издржи топлите временски услови во Рим, изјавија експерти.
„Телото на Францис беше подложено на процес на привремено балсамирање познат како танатопраксија“, рече Андреа Фантоци, основач на италијанскиот Национален институт за танатопраксија (ИНИТ).
Тој појасни дека тоа вклучува вбризгување на презервативни течности низ циркулаторниот систем и естетска нега на лицето и рацете, додавајќи дека целта е да се забави процесот на природно распаѓање.
„Таквата процедура со хемиска течност мора да се изврши во рок од 36 часа по смртта. Нејзиното влијание на поприроден изглед на покојникот обично трае до 10 дена“, рече Фантоци.
Ватикан во вторникот ги објави првите фотографии на Папата во отворен ковчег, облечен во црвена наметка, со митра на главата и бројаница во раката.
Телото на 88-годишниот поглавар на Католичката црква, кој почина на Велигден, ќе биде изложено три дена во базиликата, од среда до погребот во сабота.
Ново на Сител
-
Зеленски: Русија веднаш да ги прекине нападите
-
ДЗР: ЈКП „Брегалница” Делчево со 61 отсто загуба на вода, над 6,8 милиони денари обврски кон државата и општината
-
Песков: Оставката на Зеленски не е меѓу барањата на Русија
-
Артета разочаран од ремито со Кристал Палас
-
Павел: Трамп се залага за мир по секоја цена без оглед на последиците за Европа
-
Ликовни и литературни автори донираа дела за хуманитарно-продажната изложба за настраданите во Кочани
-
Средба на Сиљановска-Давкова со Кристоф Камп, висок комесар на ОБСЕ за национални малцинства
-
Гром усмрти жител во прилепско Мажучиште