-->
-->
Телото на Дамјан пронајдено во река - Причината за смртта е непозната
-->

Телото на 35 годишниот Дамјан Неделковски кој се водеше за исчезнат од ноември минатата година е пронајдено во неделата во река во Северна Дакота.
Телото е пронајдено од локален рибар во реката Канонбол. Аутопсијата на телото не покажала никакви повреди, па затоа властите не се сомневаат дека станува збор за убиство, иако засега причината за смртта е непозната.
Шерифот Кајл Кирчмаер на прес-конференција изјави дека засега не се знае колку долго телото на Неделковски било во реката, но претпоставува дека тоа не било многу време оти бил пронајден облечен во фармерки, маичка и патики.
-Тоа се само моите претпоставки работејќи со вакви случаи во минатото… телото не е доволно распаднато за временски период од 5 месеци, колку што би требало да биде во вода, изјави Кирчмаер.
Според него, Неделковски последен пат бил во контакт со неговите пријатели и семејството некаде околу 26 октомври, а неговиот полубрат за исчезнувањето пријавил дури на 16 ноември.
Неделковски по потекло е од Република Македонија, а заедно со неговото тело пронајдена е македонската лична карта, соопшти шерифот.
Шерифот вели дека истрагата се уште трае и дека надлежните треба да откријат повеќе детали и во врска со движењето на Неделковски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Одобрено обвинението за пожарот во Пулс
-
Сопствениците на диви депонии во Вардариште седнаа на обвинителна клупа
-
Ветувања од власта: Поширок булевар во Чаир, чист Центар, стипендии за повредените во Кочани
-
Шукова ќе го воведе БРТ системот за поефикасен градски јавен превоз
-
Петти ден кампања во албанскиот политички блок
-
Предизборни активности на помалите партии