Телохранителот на Зоран Ѓинѓиќ е заробен од џихадистите - Живее во неподносливи услови

Поранешниот телохранител на убиениот премиер на Србија Зоран Ѓинѓиќ, Срѓан Бабиќ веќе пет месеци е заробен во Либија од страна на џихадистите, пренесува српски Телеграф.
Иако за Срѓан не е побаран никаков откоп, ниту пат е обвинет за кривично дело, исламистите сеуште го држат во заробеништво.
Телохранителот на поранешниот премиер е заробен поради „негова безбедност“, а од тогаш поминаа пет месеци, па дури пред два дена му бил овозможен контакт со семејството.
„Тој е во тешка состојба. Кажа дека ослабел 20 килограми и 5 месеци не видел сонце. Го држат во соба без светло и воздух. Прво ме праша зошто е затворн. Не знамев што да му кажам бидејќи немам информации“, кажува неговата сопруга Весна, која за помош се обратила до премиерот на Србија Вучиќ, пренесува српски Телеграф.
Инаку Срѓан работел во Либија како тим лидер во француската компанија „АСП“.
Ново на Сител
-

СДСМ обвинува дека скандалот е поголем
-

Тутунарите очекуваат повисоки цени
-

Панел-дискусија на МОН во Тетово: Технологијата во образованието е помошник, но не и замена за наставникот
-

Современиот начин на живот влијае врз младите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

Акција за почисто Скопје во полн ек
-

Николовски тврди дека се загрозени 128 милиони евра од ИПАРД, Трипуновски тврди дека не се
