„Телеграф“: Лондон ќе го запре приемот на мигранти од ЕУ со стартот на процесот за Брегзит

Британската Влада ќе го започне блокирањето на приемот на мигранти од земјите на ЕУ, во исто време со покренувањето на член 50 од Лисабонската спогодба за формално започнување на процесот за излез на Велика Британија од Унијата, објави „Дејли Телеграф“, повикувајќи се на владини извори.
Весникот, кој важи за близок до владејачката Конзервативна партија, тврди дека Владата на премиерката Тереза Меј ќе објави дека државјаните на ЕУ кои ќе дојдат во земјата, не ќе може да се населат и трајно да останат во Велика Британија.
- Премиерот Меј сака брз договор со Брисел околу заштита на правата на европските државјани кои веќе работат и живеат на британска територија, како и за Британците кои се наоѓаат низ 27-те земји на ЕУ, наведува „Дејли телеграф“
Најавите за првите мерки на официјален Лондон по почетокот од процесот за истапување од Унијата, доаѓа во време кога се очекува Велика Британија да го покрене членот 50, а во медиумите се прогнозира кога тоа ќе се случи.
Весниците кои заговараа Брегзит, продолжуваат со свјата антиевропска и антиимигрантска кампања, притискајќи врз Владата да не одолговлекува со започнувањето на преговарачкиот процес.
Меј уште минатата есен најави дека тоа ќе се случи кога Велика Британија „ќе биде подготвена“ и го спомена перидот до крајот на март оваа година.
Некои лондонски весници проценуваат дека тоа би можело да се поклопи со специјалниот Самит на ЕУ на 25 март, кога ќе се одбележува 60-годишнината од Римскиот договор и создавањето на Европската економска заедница (ЕЕЗ), која е темелот врз кој е создадена сегашната ЕУ.
Претставник на Даунинг стрит 10, меѓутоа, денеска одби да ги коментира тврдењата на „Дејли телеграф“ кусо изјавувајќи дека станува збор за „шпекулации“ на весникот.
Ново на Сител
-

Мисајловски: Имаме стабилна и безбедна ситуација, тоа што го прави претседателот Трамп за мирот го поздравуваме
-

Франција: Речиси 70.000 смртни случаи поради тутун, голем товар за јавното здравје
-

ЕП ја оневозможи вештачката интелигенција на таблетите на пратениците поради безбедност
-

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор од Прилеп
-

ОН: Откритијата во досиејата на Епстин може да претставуваат злосторства против човештвото
-

Ѓорѓиевски: Градежните активности се одвиваат во полн ек
-

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа
-

За една седмица „Безбеден град“ констатирал 4490 сообраќајни прекршоци, за 10% помалку од предходната седмица
