Телефонски разговори Заев- Ципрас
Најмалку еднаш, а можеби и два пати, телефонски разговарале премиерите на Македонија и Грција, во периодот откако ги известија политичките сили во двете земји пред една седмица, објави грчката телевизија „Скај“.
Темата на разговор, била имплементацијата на ерга омнес за име од пакетот предлози на медијаторот Нимиц. Како што јави дописничката на МИА од Атина, новинарот од грчката телевизија коментира, дека „откако потона Илинден се чини дека е во тек маратон за да не се загуби можноста“ и да се затвори прашањето до Советот на ЕУ на крајот од јуни.
-Според информациите што ги имаме, Алексис Ципрас и Зоран Заев, откако минатата сабота, ги известија претседателите и лидерите на политичките партии, контактираа телефонски најмалку еднаш или два пати и треба да додадеме дека дипломатските канцеларии на двајцата премиери се во континуиран контакт. Во овие телефонски разговори темата беше ерга омнес, односно кое име би можело да се одбере од пакетот на Нимиц и да се користи како во внатрешноста, така и надвор, објави грчката телевизија.
Ново на Сител
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива
-
Каде ќе завршат гласовите за Османи и Таравари во вториот круг - одлука ќе се носи во следните денови
-
Парламентарни избори