Телефонски разговори на Лавров со Могерини и Еро за кризата во Украина
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска имаше телефонски разговори со високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини и со неговиот француски колега Жан-Марк Еро, посветени на најновите случувања во Украина.
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Лавров и Могерини во телефонскиот разговор ја разгледале „ескалацијата на насилства во Украина“ и се договориле да се сретнат на маргините од некој од претстојните меѓународни собири.
Како што јави ТАСС, прв нареден меѓународен собир на кој се очекува да присуствуваат и Лавров и Могерини е Минхенската безбедносна конференција, што ќе се одржи од 17 до 19 февруари.
Во соопштението се додава и дека Лавров и Могерини разговарале и за случувањата во Либија, Сирија и на Балканот.
Според руското Министерството, во телефонскиот разговор со Еро, пак, Лавров оценил дека ескалацијата на насилството во источна Украина може да ги уништи двогодишните напори за решавање на кризата.
Француското Министерство за надворешни работи од своја стрна соопшти дека во телефонскиот разговор со Лавров, Еро побарал Москва да направи се што е во нејзина моќ за спречување на ескалацијата на насилствата во источна Украина.
Еро во разговорот нагласил и дека Париз е сериозно загрижен за случувањата во Украина и ја истакнал неопходноста од вклучување на Нормандиската четворка во напорите за постигнување трајно решение за кризата во реонот на Донбас.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Лилјана Поповска
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Ни Северна, ниту Република: Силјановска се заколна во Македонија - стигнаа реакциите
-
Борисов: Мицкоски ми е добар пријател, го повикувам да престане да зборува, изборите поминаа
-
Дали градинките не треба да примаат родители на завршните приредби поради голема кашлица?
-
Македонските водичи бараат поголеми контроли од инспекторите
-
Националната мрежа на земјоделци бара системски решенија за македонскиот аграр