Телефонски разговор Трамп - Макрон околу Ирак
Американскиот претседател Доналд Трамп имаше телефонски разговор со својот француски колега Емануел Макрон за иранската нуклеарна програма, пренесува дописникот на МИА.
Двајцата претседатели „разговараа за тековните напори за гаранциите дека Иран нема да се стекне со нуклеарно оружје и да се стави крај на дестабилизирачкото однесување на Иран на Блискиот исток”, се вели во соопштението на Белата куќа, кое беше објавено во француските медиуми.
Елисејската палата го испраќа дипломатскиот советник Емануел Бон во Иран каде ќе треба да работи на „деескалацијата“. Тој во Иран ќе се задржи следните два дена. Оваа одлука на францускиот претседател дојде откако Техеран почна да го збогатува ураниумот на ниво забрането со нуклеарниот договор, како одговор на едностраното повлекување на Вашингтон.
Во саботата вечерта, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека сака „да ги испита до 15 јули условите за продолжување на дијалогот со сите страни“.
-Ние сме во многу критична фаза, бидејќи постои интерес на двете страни да го зголемат притисокот, се вели од Елисејскаат палата.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите