Телефонски разговор на претседателот Пендаровски со српскиот патријарх Порфириј
Претседателот Стево Пендаровски оствари телефонски разговор со поглаварот на Српската православна црква, патријархот г. г. Порфириј, по повод донесената одлука од соборот на Српската православна црква за прифаќање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Во разговорот, претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, му се заблагодари на патријархот за одлуката, оценувајќи ја како можност за градење нови релации меѓу македонската и српската православна црква и надминување на горчливите теми од минатото.
-Во разговорот, претседателот Пендаровски изрази надеж дека целиот процес на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архепископија ќе заврши со скоро потпишување на Томосот од Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, што ќе придонесе за исполнување на еден од нашите национални интереси и за напредок и помирување во македонското општество. се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Деспотовски си поднесе оставка
-
Учебници за 7 одделение се уште нема – ќе се учи од старите
-
Забрана за градба во центарот на Охрид
-
Преглед на вести од светот
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“