Телефонски разговор на премиерите Заев и Борисов: Продолжуваме да разговараме за да најдеме решенија за отворените прашања
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска имаше телефонски разговор со премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов на кој најпрво му посака добро здравје и брзо опоравување од коронавирусот, на што Борисов информираше дека се чувствува многу подобро и дека здравствената состојба му е стабилна.
Во телефонскиот разговор премиерите Заев и Борисов разменија информации околу подготовките за претстојниот самит во Софија во рамки на Берлинскиот процес и договорија уште еден телефонски разговор за утрешниот ден на кој ќе биде донесена одлука дали состанокот на премиерите на земјите од Западен Балкан во рамки на Самитот во вторник ќе се одржи со физичко присуство во Софија или целосно онлајн.
Премиерите Заев и Борисов изразија меѓусебно уверување дека ќе продолжат да разговараат и директно и преку владините претставници и тимови, со цел изнаоѓање заедничко решение за отворените билатерални прашања во интерес на двете земји и во интерес на европските интеграции.
Ново на Сител
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово
-
Преглед на вестите од светот