Телата на убиените во Дебар на обдукција, осомничени засега нема
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, по извршениот увид по убиството на тричленото семејство - маж, жена и нивната 14-годишна ќерка, наредил телата да бидат дадени на обдукција.
Како што соопштија од Јавното обвинителство на РМ, издадена е наредба и за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени на самото место во семејната куќа во Дебар каде што, според првичните сознанија, било извршено убиството.
Земени се и парафински ракавици и извршен е претрес во домовите на неколку лица со кои жртвите во последниот период поинтензивно контактирале, но се уште нема осомничен извршител на кривичното дело.
Дополнително, ќе бидат детално сослушани сите лица кои ги познавале жртвите и кои би можеле да помогнат за расветлување на случајот.
Ново на Сител
-
УЈП: Технички проблеми со апликацијата „МојДДВ“, се работи на отстранување на проблемот
-
Од понеделник потопло време со постепен пораст на температурата
-
40-годишна жена се удави во Дебарско езеро
-
Приведен малолетник од Скопје, со употреба на сила одзел пари од едно лице
-
Има одредени зголемувања на цените во малопродажба, во големопродажба цените се вратени како пред одлуката, вели директорот на ДПИ
-
Лос Анџелес се раздели со Оливие Жиру
-
Димитриеска-Кочоска: Проектот за пругата од Коридорот 10 е комплексен, до 7 јули банките треба да ги достават понудите
-
Приведен 41-годишен велешанец, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога