Тел Авив бара одговор: Хамас предал само четири тела на заложници, наместо сите 28

Израелските власти бараат „напредок“ во предавањето на телата на 28-те загинати заложници од Појасот Газа до крајот на денов.
Барањето следува по ослободувањето на сите 20 преживеани, но Хамас вчера врати само четири тела. Иако не поставила официјален рок, според порталот ynet, израелската влада очекувала сите тела да бидат предадени во рамките на договорот за прекин на огнот, кој предвидуваше враќање на сите заложници – живи и мртви – во понеделник.
Хамас засега нема соопштение, но извори блиски до групата тврдат дека е потребна дополнителна опрема и време за пронаоѓање на телата во разурнатата Газа.
Израелски медиуми, како Тајмс оф Израел, пренесуваат дека властите не веруваат во објаснувањата на Хамас и сметаат дека телата се задржуваат како средство за нови преговори. Министерот за одбрана Израел Кац го обвини Хамас за прекршување на договорот и предупреди на „последици“, потсетувајќи дека Израел ја исполнил обврската со ослободување на речиси 2.000 палестински затвореници.
Семејствата на загинатите заложници остро ја критикуваа владата. Јаел Адар, мајка на Тамир Адар, ја нарече постапката „предавство“ и обвини дека не бил поставен цврст рок.
Форумот на семејствата на заложниците и исчезнатите побара „веднаш да се суспендира“ на договорот сè додека сите тела не бидат вратени. По враќањето, телата треба да се идентификуваат официјално, откако претходно Хамас погрешно предаде друго тело, што предизвика сомнежи во верификацијата.
МИА
Ново на Сител
-

Колкави плати земаат функционерите?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Полиција го чува Груби во домашен притвор, МВР и АНБ процениле дека не може да му се гарантира безбедноста во “Шутка”
-

Филков бара одговорност со име и презиме за куќниот притвор на Груби
-

Од денеска 6 фирми за производство на канабис останаа без дозволи за работа
-

Ќе се намалуваат функционерските плати за околу 200 евра
-

Ќе се воведува дуалниот концепт и во високото образование
-

Угостителите добија време од една година за да се прилагодат на новиот закон за заштита од пушењето
