Текстилците се жалат за минималната плата, најавуваат отпуштања
Над 5.000 луѓе може да останат без работа поради воведувањето на минималната плата и одлуката на Уставниот суд да го укине нормираниот учинок, а некои компании, од кои дел странски инвеститори, веќе си одат од земјава, предупредуваат текстилците.
Тие денеска на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија уште еднаш побараа предвидените 50 отсто од придонесите што треба да им бидат исплатени на трудоинтензивните дејности, да се пренасочат директно кон работниците.
- Не ни треба поддршка за минималната, туку за повисоките плати, за да ги стимулираме работниците и да ја зголемиме продуктивноста, истакна претседателот на Кластерот за текстил, Марјана Перковска.
Според неа, Владата мора да ги забрза реформите во економијата. Многу време троши на прашањето за името и на други политички проблеми.
Текстилците се пожалија и дека по воведувањето на минималната плата практично станале социјални претпријатија. Доведени се во ситуација да земаат кредит за да обезбедат плати.
- Околу 80 отсто од вкупниот приход на текстилните компании оди за плати што е премногу. Минималната плата е неодржлива во секоја смисла, по однос на продуктивноста, техничката подготвеност, конкурентноста, потенцира Перковска.
Претседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров, рече дека производството на облека во периодот јануари-април 2018 е намалено за четири отсто во споредба со истиот период лани, а производството на кожа за 6,3 проценти.
- Продолжува намалувањето на производството поради намалувањето на бројот на работниците, посочи Димитров.
Во текстилната индустрија работат 35.000 лица или вкупно 40.000 заедно со кожарството.
Ново на Сител
-
Македонската репрезентација со еден гол негатива на полувремето против Австрија
-
Ѓоковиќ го победи Алкараз и се пласираше во полуфиналето на Австралија опен
-
Спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки
-
Најмалку 66 загинати во пожарот во хотелот во турскиот ски-центар
-
ЕП го одобри Договорот за Фронтекс меѓу ЕУ и Србија
-
ЕУ одобри 60 милиони евра помош за Вооружените сили на Либан
-
Пристигнува револуцијата на доставата во Македонија!
-
Просечната нето плата во ноември 41.999 денари