Техничката влада повеќе е проблем, отколку предност, смета Заев
Концептот на техничка влада е повеќе од проблематичен за граѓаните и државата, отколку што е од полза, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес – конференција.
-Техничката влада после две проби или две испитувања во 2016 и 2020 година навистина покажува дека повеќе е проблем за државата и граѓаните, отколку што е предност. Самата смисла на нејзиното постоење како што многу често нагласувам е за да спроведе избори и таа се составува заради изборите, но за жал кај нас се случи кризата со коронавирусот и видовме како еден министер за внатрешни работи знае да направи еден голем проблем со своите изјави, со своите постапки, со своето политиканство, управуван од центар на опозициската партија, само да се искористи тоа за гласови и избори и за ништо друго, рече Заев.
Политичка влада, како што посочи, значи одговорна влада и таа носи одлуки и одговорности од самите одлуки.
-Верувам дека во иднина, секако доколку постои согласност од сите, ќе го укинеме тој концепт на техничка влада пред изборите и ќе се најдат други алатки како тоа опозијата ќе биде сигурна да може да се спроведат фер и демократки избори, а тие да се чувствуваат доволно комотни или конфорни за да можат да гарантираат во нивните очи дека ќе имаме фер борба и фер натпревар за секој за да има шанса доколку е добар и доколку граѓаните му веруваат да победи на изборите, посочи лидерот на СДСН, Зоран Заев.
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ