Тедрос: Во Кина во последните 24 часа пријавени помал број новозаразени со коронавирус
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека Кина во изминатите 24 часа пријавила помал број нови случиа на заразени со коронавирус отколку во претходниот месец.
На редовната прес конференција во Женева, посветена на коронавирусот, Тедрос кажа дека Кина во последните 24 часа пријавила 329 нови случаи, со што вкупниот број на заболени во земјата се зголеми на 78.959.
СЗО на својот сајт соопшти дека, според последните информации, во Кина од коронавирусот досега починаа 2.791 лица.
Според Тедрос, надвор од Кина досега се регистрирани 4.351 случај на новиот вирус и тоа во 49 земји, а починати се 67 лица.
Тедрос додаде дека новите земји во кои се пријавени случаи на вирус се Данска, Естонија, Литванија, Холандија и Нигерија.
Тој прецизираше дека за 24-те нови случаи на коронавирус заклучено е дека биле пренесени од Италија во 14 други земји, додека 97 случаи биле пренесени од Иран во 11 земји од светот.
Тој додаде дека зголемиот број на новозаболени и на земји погодени од новиот вирус е причина за сериозна загриженост. Од овие причини, наведе Тедрос, ризикот од ширење на вирусот Ковид-19 во светот СЗО го крена на највисоко ниво.
-Засега се уште нема докази за слободно ширење на вирусот внатре во заедниците. Се додека е таков случајот, и натаму имаме шанса да го запреме неговото ширење со преземање на значајни мерки за рано откривање, изолација, згрижување на пациентите и следење на нивните контакти, рече Тедрос
Тој, меѓутоа, предупреди дека во моментов најголем непријател не е самиот вирус, туку стравот, гласините и стигматизцијата.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп