Тедрос: СЗО треба да се зајакне за да се засили глобалната здравствена безбедност
Напорите за зајакнување на глобалната здравствена безбедност во идната здравствена криза ќе успеат само ако се зајакне улогата на Светската здравствена организација, изјави денеска шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Тедрос се приклучи на состанокот на Г-20 во главниот град на Индонезија преку видео врска и одговори на предлозите за формирање посебен глобален здравствен фонд задолжен за доставување средства за итни случаи, вакцини и други медицински материјали.
– Јасно е дека во срцето на оваа архитектура, на светот му е потребна силна и одржливо финансирана Светска здравствена организација … со единствен мандат, единствена техничка експертиза и единствена глобална легитимност, рече Тедрос.
– Сите напори за подобрување на управувањето, системите и финансирањето на глобалната здравствена безбедност можат да бидат успешни само ако ја зајакнат и улогата на СЗО, рече тој.
Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанза на дебатата рече дека „СЗО мора да остане во срцето на глобалната здравствена архитектура“, но додаде дека „мора да работиме уште понапорно за да создадеме посилна архитектура на здравствените политики“.
Индонезија е домаќин на средбата на Г-20 оваа година, а министерот за здравство на земјата минатата недела праша дали СЗО е во најдобра позиција да собере капитал за глобален здравствен фонд за доставување итна помош, вклучувајќи средства, вакцини и дијагностика за време на идни пандемии.
Индонезискиот министер за здравство изјави пред странските новинари дека земјите, според сегашниот систем, се „во основа сами“ кога станува збор за обезбедување вакцини и витални медицински материјали.
САД, најголемиот донатор на СЗО, исто така се залагаат за посебен фонд директно контролиран од донаторите за финансирање на превенција и управување со здравствени кризи.
Зајакнувањето на глобалната здравствена архитектура е еден од приоритетите на Индонезија, која претседава со Г20, рекоа претседателот Џоко Видодо и министерот за здравство Буди Гунади Садикин.
Ново на Сител
-
Филипче за Сител: ВМРО-ДПМНЕ наследи средена држава со стабилни финансии, за година и пол направија хаос
-
Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк
-
Сиљановска-Давкова oствари средба со грчкиот професор Јанис Армаколас
-
Орбан: Украина има непријателски став кон Унгарија
-
Едно лице убиено, десетици повредени во масовните протести во Перу против претседателот
-
Турција ќе се придружи на потрагата по тела под урнатините во Газа
-
Руски ракети погодија полигон за обука во Украина, неколку мртви
-
Министерката Божиновска учествува на состанокот на министри за економија од Берлинскиот процес