Тедрос: Пандемијата ќе заврши кога светот ќе одлучи, бидејќи сите алатки за борба против вирусот се достапни
Пандемијата на Ковид-19 ќе заврши „кога светот ќе одлучи да стави крај“, бидејќи „сите алатки“ за борба против вирусот сега се достапни, рече во неделата шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус, повторувајќи ги своите повици за поправедна дистрибуција на вакцината.
– Пандемијата ќе заврши кога светот ќе одлучи да и стави крај, таа е во наши раце, сите потребни алатки ни се достапни, рече генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) на конференција во Берлин.
Тој изрази жалење што досега „светот не ги користел овие алатки паметно“ и нагласи дека со „речиси 50.000 смртни случаи во светот неделно, пандемијата е далеку од завршена“.
Шефот на СЗО зборуваше на свеченото отворање на „Светскиот самит за здравје“, годишниот собир на професионалци и политичари во Берлин.
Целта на СЗО е 40 отсто од населението на секоја земја да се вакцинира до крајот на годината и 70 отсто до средината на 2022 година. Тедрос редовно истакнува дека жали поради акумулацијата на вакцини против Ковид во богатите земји.
Според него, „тоа е можно само ако земјите и компаниите кои го контролираат снабдувањето ги претворат своите зборови во дела“.
.– Земјите кои веќе вакцинирале 40 отсто од населението, вклучително и Г20, мора да ги препуштат своите количини во испораката на вакцини на меѓународниот систем Ковакс и Африканскиот фонд за набавка на вакцини (Aват) основан од Африканската унија, рече Тедрос.
Тој додаде дека производителите на вакцини мора да го споделат своето знаење, технологии и лиценци и да се откажат од правата на интелектуална сопственост.
Шефот на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во снимена видео порака, оцени дека „успехот на вакцините, развиени и пуштени на пазарот во рекордно време, е засенет од трагедијата на неправедната дистрибуција“.
– Сите нас не загрозува национализмот и акумулацијата на вакцини, истакна Гутереш.
Ново на Сител
-

Макрон предлага забрана за користење на социјалните мрежи за лица под 15 години
-

Реакција на адвокатката Ивана Коцевска на употребата на нејзиниот лик на транспарент на „Маршот на ангелите“ во Кочани
-

Дипломатската служба на ЕУ предупредува: Одборот за мир на Трамп концентрира премногу моќ и ги крши принципите на ЕУ
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Франција надмоќна против Португалија, постигна 28 голови во едно полувреме
-

Трамп се закани со 100-процентни царини за Канада доколку склучи трговски договор со Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е штетен за Македонија
-

Филипче: Вратите на СДСМ се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој ѝ мисли добро на државата
-

Лажен „лекар од Словенија“ измамил 86-годишна жена од Виница за 30.000 евра
