Тед Круз одби да ја подржи кандидатурата на Доналд Трамп
Сенаторот од Тексас, Тед Круз предизвика инцидент на Конвенцијата на американската Републиканската партија во Кливленд, откако во својот говор пред делегатите и гостите, одби да ја подржи номинацијата на Доналд Трамп за претседателски кандидат.
Во говорот, Круз само му честита на Трамп за номинирањето за претседателските избори во ноември оваа година, што предизвика револт меѓу приврзаниците на њујоршкиот милијардер.
Неговите приврзаници го прекинуваа излагањето на Круз, извикувајќи: „Ние го сакаме Трамп“ и барајќи од тексашкиот републикански сенатор јавно да му изрази подршка на номинираниот претседателски кандидат.
Круз и Трамп водеа остра битка во текот на предизборната кампања за републикнската претседателска номинација и пред секои од прелиминарните избори во американските сојузни држави.
Трамп двапати јавно ги навреди Круз и неговото најблиско семејство, прво неговата сопруга, а потоа и таткото, сомничејки го дека „можеби бил дел од заговорот за убиството на претседателот Џон Кенеди“.
Круз е дете од мешовит брак меѓу Американка и Кубанец, бегалец во САД, но е роден во Канада, па Трамп и неговиот изборен штаб бараа и истрага околу тоа дали тексашкиот сенатор може да биде претседателски кандидат.
Американските медиуми кои на инцидентот на Конвенцијата му посветуваат големо внимание, сметаат дека Круз успеа да му се реваншира на Трамп за сите „некоректности и навреди“ во текот на кампањата, но забележуваат дека тоа може да и наштети на неговата амбиција да се кандидира одново за претседателските избори во 2020 година.
Осуда за постапката на Круз изразија и републиканските политичари Крис Кристи, Марко Рубио и Бен Карсон, кои, исто како и сенаторот од Тексас, учествува во трката за пертседателската номинација како противкандидати на Трамп.
Тројцата републиканци, кои ја подржаа номинацијата на Трамп, сметаат дека Круз требало да води сметка за единството на партијата, иако ниту еден од нив не прифати да биде потпретседателски кандидат.
Доналд Трамп, кој од страна го следел говорот на Круз, се смеел додека траело излагањето и ги поздравувал своите приврзаници кои го исвиркувале тексашкиот сенатор.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите