Театрите и Филхармонијата со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024
Бројот на изведени претстави во професионалните театри во 2023/2024 година е зголемен за 11,5 отсто во однос на претходната, 2022/2023 година, а зголемување за 3,1 отсто има и на бројот на посетители.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на изведени претстави во професионалните театри за деца и млади во 2023/2024 е зголемен за 14,8 проценти во однос на 2022/2023 година, а исто така е зголемен и бројот на посетителите за 0,6 отсто.
Во аматерските театри, пак, е забележлив намален број - и на изведени претстави (за 36,5 отсто) и на посетители (за 46,7 отсто).
- Во периодот 2023/2024 година, бројот на посетителите на Филхармонијата е зголемен во однос на периодот 2022/2023 година. Кај професионалниот ансамбл за народни игри и песни, во периодот 2023/2024 година, во споредба со 2022/2023 година, е забележано намалување на бројот на самостојните приредби (концерти) и на бројот на посетителите, наведува ДЗС во објавата.
Ново на Сител
-
Итната помош со зголемен број повици за сообраќајки и хронично болни лица
-
Осуденик физички нападнат во затворот Идризово
-
Пронајдено телото на 77-годишниот велешанец во близина на Штип
-
Израелскиот министер за одбрана, Кац го обвини Хезболах дека не ги почитува условите од договорот за прекин на огнот
-
Опожарено возило во Битола
-
Руско МО: Соборени 61 дрон над неколку руски региони, повеќе од половина во Ростовска област
-
Тешко повредена 72-годишна жена во сообраќајка во Прилеп
-
Пронајдена марихуана во домот на 52-годишен струмичанец