„Театар, љубов моја“, нова продукција на Велешкиот театар
Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес денеска почна со подготовки на својата нова продукција, прва од Годишната програма на театарот за 2017, поддржна од Министерството за култура. Се работи за драмскиот текст „Театар, љубов моја“ на познатиот бугарски автор Валери Петров, а во режија на Деан Дамјановски.
Пиесата „Театар, љубов моја“ Валери Петров ја напишал во 1981 година, специјално за двете големи актерки на бугарскиот театар Тања Масалитинова и Славка Славова. Од тогаш до денеска таа е поставена на сцената на повеќе бугарски и европски театри и влегува во историјата на театарот како една од најубаво напишаните декларации на љубовта кон театарот. Неговата постановка во Велешкиот театар е и негова праизведба на македонската театарска сцена.
Во претставата настапуваат актерките Кети Борисовска, Талија Настова, Зорица Панчиќ и Кица Ивковска. Сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Раде Василев, а автор на музиката е Сашко Костов.
Премиерата на претставата, како што информира Велешкиот театар, е предвидена за крајот на март.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место