ТАЖНО: Ја донираше косата за децата болни од рак- сега и самиот се разболе
Седумгодишнниот Вини Десоделс од Сакременто, САД, две години не ја потстижувал својата коса, со цел кога ќе е доволно долга да ја подари во добротворни цели. На почетокот на април тој ја поклонил косата за од неа да се направи перика за деца заболени од рак.
Но, пред околу една недела кога се вратил од училиште, тој се пожалил на своите родители дека чувствува болки по целото тело. Кога го погледнале приметиле дека едното око му отекло, дури и му било затворено. Родителите најпрво мислеле дека во прашање е алергиска реакција и дека е убод од некој инсект.
Го оделе во болница, каде на Вини му бил дијагностициран рак од четврт степен. Се работи за редок тумор кој бара брзо лечење во спротивно би се раширил по целото тело. Затоа што лечењето било скапо, неговото семејство побарало донации.
Потребни им се половина милион долари, но веќе се блиску до својата цел.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Гаши ги распиша изборите, првиот круг локални на 19 октомври
-
Истрага за полицаецот кој без налог сакаше да ја приведе директорката од Демир Хисар
-
Министерот за здравство и ги одзеде ингеренциите на Стоматолошката комора поради сериозни пропусти
-
СДСМ пак предлага минималец од 500 евра, ВМРО-ДПМНЕ чека договор меѓу синдикатите и работодавачите
-
Петрушевски: Каде се СДС сега да го нападнат главниот обвинител Коцевски или да прашаат за некоја истрага?
-
И годинава атракција пловењето по Охридското Езеро
-
Македонија единствена држава на Балканот која нема своја историска база на податоци