-->
-->
Тажна вест: Почина режисерот на „Роки“
-->

Американскиот режисер Џон Ејвилдсен, добитникот на Оскар за режирање на филмот „Роки“, почина на 81- годишна возраст, јавија американските медиуми.
– Ејвилдсен почина од рак на простата во болница во Лос Анџелес, наведе неговиот син Антони.
Тој во 1977 година освои Оскар за режирање на филмот „Роки“, со младиот Силвестер Сталоне, кој ја играше улогата на сиромашен боксер.
– Мислам дека Роки на луѓето им даде надеж, а нема подобро чувство од тоа, изјави тогаш Ејвилдсен.
Исто така, неговиот филм „Карете Кид“ оствари значителен успех.
– Сигурен сум дека наскоро ќе режираш во рајот. Ти благодарам, наведе Сталоне.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДУИ: Брисел да се вклучи во истрагата за пожарот
-
Мјанмар спроведува итна крводарителна акција поради големиот број повредени во земјотресот
-
Ирвинг успешно опериран
-
Лафчиски: Членството во НАТО одраз на посветеноста кон колективната безбедност, демократијата, слободата и стабилноста
-
Мисајловски: Единството во Армијата и во Алијансата да го преточиме во единство меѓу граѓаните
-
Кривична пријава за правно лице од Општина Босилово за даночно затајување
-
Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтер го погоди Мјанмар
-
МЖСПП: 200 илјади евра казна за БУЛМАК поради истекување технолошка вода