Тажна вест: Почина професор доктор Петар Пемов
Почина професор доктор Петар Пемов, клиничар и редовен професор по невропсихијатрија на Медицинскиот факултет на УКИМ од 1982 година до пензионирањето.
Пемов е роден во 1935 година во Скопје. Во 1961 година дипломира на Медицинскиот факултет. Во 1968 година стана специјалист по невропсихијатрија. Докторира во 1981 година во Белград на тема поврзана со испитување на промените во мозочната течност при невролошките болести, со помош на полиакриламидна диск-електрофореза.
Бил раководител на Катедрата по невропсихијатрија, претседател на Здружението на невропсхијатрите, а потоа и на невролозите на Македонија, како и претседател на Здружението на невролозите на Југославија и член на Комитетот за неврологија на Југославија.
Автор е на книгите „Болести на крвните садови на мозокот – цереброваскуларни болести“ и „Мозочен удар – спречување и лекување“. Коавтор е на книгите: „Патофизиологија, дијагноза и теарпија на цереброваскуларните нарушувања“, „Современа дијагностика и терапија во медицината“ и „Геријатрија“.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци