ТАЖНА ВЕСТ: Почина познат диџеј
Немања Ивановиќ, диџеј на кој пред две години му беше дијагностицирана тешка болест, почина утрово во болница во Германија, во која се лечеше од редок облик на рак.
„Другари, пријатели, познаници и на сите оние кои им значи. Немања Ивановиќ - Мања утрово во 2:30 за жал почина во болница во Фленсбург, по лавовска битка против тешката болест. Наше длабоко сочувство до семејството Ивановиќ и сите негови пријатели. Ја молиме јавноста да не поставува прашања. Кога ќе имаме детални информации, ќе напишеме“, напишани е на страницата "4 Manya/Za Manju"
Српската електронска сцена се соедини да му помогне на својот колега кога беше објавено дека е боле. Во оваа акција беа организирани забави, фестивали, имаше и број на кој можеше да се донира за него.
На почетокот на јули, Ивановиќ се врати во Србија од Германија, тогаш беше објавено дека за продолжување на лекувањето му требаат најмалку 20.000 евра.
Ново на Сител
-
Пуштено во употреба реконструирано одделение на Урологија
-
Вработените во Флораком и Луна на протест поради неисплатени плати
-
За собирањето потписи не независните кандидати ќе разговараат експерти во Министерството за Правда
-
Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионерите не се виновни за поскапувањата
-
Разрешената директорка од Демир Хисар денеска на информативен разговор во полиција
-
Колабирања и сончаници поради топлото време
-
Руралната инфраструктура на истокот во катастрофална состојба
-
Преглед на вестите од светот