Живот
21. August 2018 - 15:49

Таткото осомничен за гнасно злосторство изнесе шокантна одбрана: Жената ги задави децата, а јас ја убив во бес!

Кристофер Вот (33) од американската сојузна држава Колорадо кој е во истражен затвор под сомнение дека ја убил бремената сопруга и двете ќерки, сега тврди дека неговата сопруга ги задавила нивните девојчиња и дека тој потоа ја убил од одмазда.

Вот вели дека на сопругата Шенен и рекол дека сака разводот по што таа ги нападнала децата. Поради тоа неговата адвокатка Меган Ринг, побарала да се направи ДНК тестирање на вратовите на децата. Меѓутоа полицијата не му верува.

Полицијата исто така откри дека Кристофер ја мамел жената со колешка од работа што тој на почетокот негирал. Шенен (34) и нејзините ќерки Бела (4) и Селест (3) исчезнаа минатиот понеделник од својата куќа во Фредерик. Вото дури следниот ден за локалната телевизија проговори дека куќата му е празна и колку му недостастува семејството.

Два дена по исчезнаувањето, Вот во полиција призна дека ги убил. Истражителите ги одвел до местото каде ги фрлил телата - на земјшитето на нафтената компанија за која работел. Телата на девојчињата ги фрлил во тенк за нафта, а телото на жената го оставил во близина, во плитко ископан гроб. Шенен во моментот на убиството била бремена.

Френки Русек, помладиот брат на Шенен, рекол во полиција дека неговата сестра многу сакала да има деца, а секоја бременост за неа била ризична зошто имала лупус.

„Беше совршена мајка. Не го зборам тоа само зошто сум и брат. Кога дојдов да живеам со нив на неколку месеци кога Бела беше тукушто родена, не можев да верувам. Бев исцрпен само од гледањето што се мојата сестра успеваше да направи. Поради неа родителството ми изгледаше нешто лесно“, се присети Френки.