Таткото на загинатата Викторија: Згрозен сум од оваа држава и од судството
Згрозен сум од оваа држава, рече таткото на Викторија Николова, по денешната пресуда од три години затвор за возачот кој ја прегази и усмрти.
-Што да кажам, немам зборови. Згрозен сум од оваа држава и од судството и затоа има толку голем процент на доверба во судството. Нула проценти, затоа и сите ја напуштаат оваа држава, рече тој пред новинарите по денешното рочиште.
Мајката на Викторија, со плач ја дочека пресудата. За родителите и за адвокатот на одбраната оваа пресуда е несериозна, скоро па ослободителна.
Денеска Основниот Кривичен суд – Скопје обвинетиот во случајот со сообраќајната несреќа кај „Сити мол“, Јордан Ѓорѓиев, беше осуден на казна затвор од три години и абрана за управување моторно бозило од Б категорија во период од три години од правосилноста на пресудата.
Ново на Сител
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта
-
Мирен марш за поддршка на Епископот Партениј