-->
-->
Таткото на избодениот Филип: Му посакувам на судијата никогаш да не го почувствува тоа што јас го почувствував
-->
Мерки за обезбедување присуство им одреди судија на лицата А.Ц. и Ј.Ц, кој постапуваше по предлогот на Основното јавно обвинителство – Скопје за определување мерка притвор против двете лица, кои се осомничени за кривично дело тешка телесна повреда од член 131 став три од Кривичниот законик.Станува збор за тепачката, која се случи на 23 март во кафе бар во скопско Марино, во која со нож беше прободен полицискиот службеник Филип Филиповски.
-Прочитав вчера дека судијата не одреди мерка притвор на лицата што се обидоа да го убијат мојот син Филип Филиповски, Замислете на син ми му извадија бубрег, слезина, изгуби 2 литри крв, лекарите после операцијата ми соопштија дека шансите да преживее се 50-50 и сето тоа не беше доволно на „СУДИЈАТ“ да определи мерка притвор. Очекувам дека КРИВИЧНИОТ СОВЕТ ќе ја исправи непрадвата и лицата што се обидоа да му го одземат животот на мојот син ќе ја добијат заслужената казна – се огласи таткото на Филип, Гоце Филиповски.
Тој бесен на одлуката на судијата кажа дека очекува дека Обинителството ќе побара од Кривичниот совет да се притворат сторителите.
-Тоа што нема притвор искрено и беше очекувано, сепак позицијата на родителот влијаела на „СУДИЈАТА“. И покрај одлуката на „СУДИЈАТА“ му посакувам никогаш да не го почувствува тоа што јас го почувствував чекајќи пред операционата сала 4 часа, исчекување дали ќе си го видам детето повторно живо, болката господин „СУДИЈА“ е страшна, органите ги загуби засекогаш и мора останатиот дел од животот да се бори, за разлика од него сторителите претпоставувам си уживаат во нормалниот живот здрави и среќни. Очекувам дека ОБВИНИТЕЛСТВОТО ќе побара од Кривичниот совет да се притворат сторителите – напиша Филипоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СЗО алармира: Дебелината кај децата четирикратно зголемена од 1990 година
-

Виш обвинител од Битола под истрага за незаконско влијание врз обвинители и судии
-

МОН објави конкурси за стипендии за средношколци во учебната 2026-2027
-

МПЦ-ОА против кратење на верските празници: Тие се вековна врска меѓу народот и Црквата, а не само неработни денови
-

Политико: Европските престолнини се подготвуваат за можен хибриден напад со жртви
-

Последното танго на Меси: Гол, две асистенции, солзи и овации на збогувањето со Аргентина | ВИДЕО
-

Три години по нападот на Хамас Мерц уште еднаш ја потврди поддршката на Германија за Израел
-

Роналдо за напуштањето на репрезентацијата: Им се извинувам на Португалците, не треба да има олеснителни околности за казната
