Таткото на Ембла: Не е точно дека е агресивна и дека има аутизам

По изјавата на градоначалникот Арбен Таравари, дадена по средбата што се одржа вчера во Општина Гостивар, со реакција излезе таткото на Амбла, Илир Адеми кој демантираше дека девојчето, освен Даунов синдорм има и аутизам и дека било агесивно меѓу соучениците.
„Не е точно дека во извештај е наведено дека Ембла освен Даунов синдорм има и аутизам, еве ги имаме сите резултати и целата медицинска документација овде. Во ниту еден медицински извештај не пишува дека има аутизам. Во извештајот на Комисијата за категоризација пишува дека Амбла има Даунов синдорм и тоа во полесна форма, не средна, не тешка. И не е точно дека е агресивна или дека повредила некое дете. Тоа може да го потврди и личната асистентка која е ангажираната за Ембла и е со неа во училиштето. Бараме од градоначалникот да ја повлече таа изјава затоа што ние имаме документи со медицински објаснувања и докази. Инаку, на средбата во општината не бевме, затоа што во посета за поддршка ни дојде претседателот Пендаровски.“, рече Адеми.
Ново на Сител
-

Нацрт – предлог на ЕУ – за Албанија “патокази, за Македонија економски придобивки“
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амабасадор во Софија
-

Мицкоски: Владините мерки за поевтини горива ќе чинат над 100 милиони евра, можен втор ребаланс
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови детали од планот на Фон Дер Лајен
-

Продапна уште еден обид за деблокада на реформите во Изборниот законик
-

Директорот на “Историски музеј” Крушево поднесе оставка по реакциите за спотот во “Македониум”
-

„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција во Скопје
