Таткото го заборавил бебето во автомобилот: Кога се сетил, го отворил возилото и почнал да плаче!
Шестмесечно бебе починало од топлотен удар, откако таткото го оставил цел ден во загреан автомобил во Тексас, соопштија американските власти.
Таткото на детето, кој работи во блиска продавница, изјавил пред полицијата дека заборавил да го однесе детето во градинка пред да оди на работа. Телото на мртвото дете го пронашол по цели 10 часа.
Докторите не можеле да му помогнат на детето, а таткото потоа бил пренесен во болница поради болки во градите, наведува полицијата.
Температурата на паркираните автомобили во оваа област во текот на денот може да биде навистина висока.
Најмалку 27 деца починале во САД во прегреан автомобил од почетокот на годината, помеѓу кои и шест деца во Тексас, предупредуваат експертите. Во САД поради неодговорност на родителите минатата година, настрадале 15 деца.
Полицијата и експертите ги предупредуваат родителите секогаш да ја отвараат задната врата кога ги паркираат возилата. Исто така, потребно е вработените во градинките да ги контактираат родителите кога нивните деца нема да се појават во градинка.
Ново на Сител
-
Кучињата скитници и понатаму горлив проблем за локалните власти и граѓаните
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест на жителите на Аеродром против депонијата Вардариште
-
Teма на денот со Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни и поранешен директор на АР
-
Филипче: Разбирам зошто граѓаните се загрижени, но ЕУ процесот мора да продолжи
-
Студентите бараат зголемување на износот за субвенциониран оброк
-
Екс директорот на АНБ негира незаконско следење на комуникации, Мицкоски вели - сите ќе одговараат
-
Се води истрага кој го подметнал пожарот на Вардариште, надлежните си ја префрлаат одговорноста