Татко за својата ќерка направи неверојатен вселенски брод од картон
Кога станува збор за училишни проекти, некои родители даваат се од себе за нивното дете да има најдобар пронајдок во училиштето. Така направи и Џон Стодард, кога за ќерката направи неверојатен вселенски брод од картон, со кој ги изненади сите ученици и наставници во училиштето.
Стодард направи реплика на вселенскиот брод од култното продолжение на Војна на ѕвездите од 80-тите „The Empire Strikes Back“.
- Учениците и родителите на крајот на секоја година од картон и други материјали прават автомобили или вселенски бродови во кои ќе седат нивните деца и ќе гледаат филм на последниот ден од училишната година. Мојата ќерка веќе го држи рекордот во овие пронајдоци, рече Стодард, пренесува Кликс.
За креирање на вселенскиот брод, Стодард користел картон, селотејп и гумирана лента со кои ги зајакна разните делови и агли. Откако го креирал телото на бродот, го обоил во сиво со неколку портокалови ленти. На крајот тој додаде и неколку оштетувања за да изгледа бродот токму како од Војна на ѕвездите. Резултат е неверојатно среќно шестгодишно девојче.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и треба обвинителство кое ќе се справи со криминалот и корупцијата
-
Цената на парното останува иста
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пожарите се подметнати
-
Синдикатите, работодавачите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Во Тетово се гради меморијален парк за жртвите во пожарот во модуларната болница
-
Кадарот во хотелско угостителскиот сектор болна тема
-
Заштитена средновековната кула на локалитетот Пирго, дел од одбранбениот систем на Цар Самоил
-
Преглед на вестите од светот