Татко и син на „Тик-Ток“ објавиле видеа со лажни закани за терористички напад во трговски центар во Скопје

Три лица биле приведени поради објава на два видео-клипа на платформата „Тик Ток“ во кои има лажни закани за можен терористички напад на еден трговски центар во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Откако биле објавени видеата во акцијата се вклучиле повеќе сектори во МВР, како тој за борба против тероризам и секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, но и Агенцијата за национална безбедност (АНБ).
Трите лица, од кои двајца се татко и син, биле лоцирани, а од јавен обвинител е добиена насока да се направи претрес во нивните домови.
Едно од лицата е 26-годишно момче од селото Студеничани додека таткото и 22-годишниот син се од Скопје. Во домот на таткото и синот биле пронајдени уредите преку кои тие ги објавиле лажните видеа, а синот во разговор со полицијата признал дека тој ги изработил и објавил. Од МВР најавуваат дека ќе поднесат и кривични пријави против тројцата приведени.
Ново на Сител
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
