Татко и син на „Тик-Ток“ објавиле видеа со лажни закани за терористички напад во трговски центар во Скопје

Три лица биле приведени поради објава на два видео-клипа на платформата „Тик Ток“ во кои има лажни закани за можен терористички напад на еден трговски центар во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Откако биле објавени видеата во акцијата се вклучиле повеќе сектори во МВР, како тој за борба против тероризам и секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, но и Агенцијата за национална безбедност (АНБ).
Трите лица, од кои двајца се татко и син, биле лоцирани, а од јавен обвинител е добиена насока да се направи претрес во нивните домови.
Едно од лицата е 26-годишно момче од селото Студеничани додека таткото и 22-годишниот син се од Скопје. Во домот на таткото и синот биле пронајдени уредите преку кои тие ги објавиле лажните видеа, а синот во разговор со полицијата признал дека тој ги изработил и објавил. Од МВР најавуваат дека ќе поднесат и кривични пријави против тројцата приведени.
Ново на Сител
-

Директорот на Комунална си поднесе оставка, судот му одреди 30 дневен притвор на него и на раководителот на секторот за отпад
-

Тема на денот со Дејан Митески, кандидат за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ во Општина Аеродром
-

Мозочниот удар е најчеста причина за смрт во Македонија - за успешно лекување најважно е рано препознавање на знаците
-

По СЕПА следниот чекор ТИПС - нов систем за инстант плаќања
-

Обвинителството бара притвор за директорот на Комунална хигиена поради несобирање на ѓубрето во Скопје
-

Нова еколошката закана за Вардар: Граѓаните згрозени, дали институциите преземаат мерки?
-

ДИК: Избрани 44 градоначалници во прв круг, гласање во втор круг во 33 општини
-

3 дена до изборен молк, кандидатите ја бараат поддршката со конкретни проекти
