Татко и чичко по расправија пукале кон објект на нивниот син на патот Сарај - Матка

Татко и чичко пукале кон објект на нивниот син на патот Сарај - МаткаВо СВР Скопје на 02.06.2026 година околу 14:30 часот, 29-годишен маж од село Ласкарци пријавил вооружен инцидент што се случил во објект во изградба на патот Сарај–Матка, каде тој работел заедно со свој пријател.
Според пријавата, на локацијата пристигнале неговиот татко (57) и чичко (45), со кои претходно имале деловни недоразбирања. По вербална расправија, откако им било кажано да го напуштат објектот, двајцата осомничени, според наводите, со пиштол и ловечка пушка испукале кон објектот и го оштетиле патничко возило кое било на местото.
По преземени мерки од полициски службеници од СВР Скопје, едно лице било лишено од слобода, а при претрес во домот на осомничениот со судска наредба биле пронајдени и одземени две ловечки пушки и повеќе патрони.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна кривична пријава.
Ново на Сител
-

Што нуди новиот нон-пејпер за Македонија?
-

Рокас: Обврските од 2022 мора да се исполнат
-

Обвинителството со видео-докази: Полицијата пристигнала 10 минути пред пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Ако има докази, зошто случајот „Мазут“ е стопиран?
-

Договорци од Детската клиника си ги бараат застанатите плати зошто 5 месеци не добиле ниту денар
-

Со 40 нови камиони и 2.600 контејнери ќе се решава проблемот со ѓубрето во Скопје
-

На бизнисот потребен му е стручен кадар, со знаења и вештини, не само дипломи
-

Анализа: Како да се намали бројот на кучиња скитници?
