Македонија
20. February 2024 - 17:11

Татко го истепал малолетниот син, мајката пријавила во полиција

Татко го истепал малолетниот син, мајката пријавила во полиција.

- На 19.02.2024 во 21.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.Ч. од Крушево, со престој во Скопје, по претходна пријава од неговата 35-годишна сопруга дека на 18.02.2024 околу 22.00 часот во домот физички го нападнал нивниот малолетен син, информира МВР.

Известен бил Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.