Ташевска-Ременски ги посети децата во центрите во Чичино Село и Шуто Оризари

Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски денеска го посети Прифатниот центар за бездомни лица во Чичино Село и им подели пакетчиња на децата, донација од „Франк Македонија“.
Таа разговараше со лицата сместени во Центарот, ги слушна нивните потреби и им вети дека во 2016 Министерството ќе биде посветено на подобрување на условите во центарот.
Координиаторот на Прифатниот центар Ајтен Мустафа ја информираше Ташевска-Ременски за дневните активности на жителите и за потребата на Прифатниот центар од работници и тим да ја следи работата, како и реновирање на центарот.
Во Прифатниот центар за бездомни лица Чичино Село се сместени 62 лица од кои 23 деца. Лицата сместени во Центарот покрај сместување добиваат три топли оброци.
Министерката Ташевска-Ременски денеска го посети и Едукативниот забавен дневен центар за деца на улица во Шуто Оризари кој Министерството за труд и социјална политика го поддржува и покрива дел од трошоците, а со него раководи Здружението за заштита на правата на децата. И на децата во овој центар, таа по повод Нова година им подели пакетчиња, донација на Дајнерс.
Ташевска-Ременски оствари работна средба со претседателот на здружението, Владимир Ортаковски, кој ја информираше за работата на дневниот центар. Ова е единствен центар кој е раководен од невладина организација. Работи веќе 10 години и во моментов го посетуваат 104 деца. Целта на центарот е да ги задоволи основните потреби на децата и да им ја подигне свеста за социјално-општествени проблеми, како што се малолетничките бракови и инцестот. хс/ 16:31
Ново на Сител
-

Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК
-

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК
-

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ
-

Кривична пријава против правно и физичко лице од Радовиш, нелегално заработиле скоро 1,5 милиони денари
-

Приведени 11 лица во текот на изминатото деноноќие затоа што кај нив е пронајдена дрога
-

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило, шест возеле без возачка дозвола
-

Приведени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

Галузин: Европа засега нема разумни предлози за решавање на украинскиот конфликт
