Македонија
9. April 2019 - 13:27

Тасевски: Некој ќе ви влезе со калаш и бомби, нема да можат да ве состават

Актерот Сашо Тасевски на својот Фејсбук профил реагираше на веста дека Апелација му ја намалила затворската казна на пијаниот возач кој ја усмрти студентката Фросина на пешачки премин кај Универзална сала.
 
 
„Само три години затвор за оној што мртов пијан прегази девојка на Партизанска и тоа на пешачки премин. Апелација ја намалила првичната пресуда за триипол години. Знаете што сакате? Да почнеме сами да го земаме законот у свои раце. Тоа изгледа сакате мамицата… Некој нажален татко еден ден ко ќе ви влезе со калаш и бомби, нема да можат да ве состават. Која е поентата? Родителите останаа без дете, а тој убиецот пак ќе биде на улица и ќе смее да вози по една година. За каква правда зборувате?“, напиша Тасевски.