Таравари: Со сите скандали ДУИ ќе мора да оди во опозиција и да се реформира
Генералниот секретар на Алијансата за Албанците и градоначалник на Општина Гостивар, Арбен Таравари смета дека оставката на заменик министерот за здравство е изненадување, бидејќи и покрај сите скандали поврзани со функционери на ДУИ тие биле заштитувани.
– Скандалите на ДУИ се континуирани, но во македонското општество тие се заштитени како бели мечки, претходно од ВМРО, а сега од СДСМ. Сепак сметам дека крајот ќе им дојде наскоро. По изборите на Косово ја губат и поддршката, бидејќи главните играчи им беа таму. Тоа што се случи со заменик министерот е нивниот начин на работа кој го нарековме „ДУИинг бизнис“ за кој сите знаеме и сите молчиме. Затоа и помалку ме изненади поднесената оставка, што досега не беше таква пракса, рече Таравари во одговорот на прашањето како тој го гледа случајот со заменик министерот за здравство Асим Муса.
Ново на Сител
-
Поевтинуваат горивата
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Пендаровски се свртеа против САД
-
Изминатиот викенд санкционирани 2045 возачи, 637 за брзо возење
-
Приведени две лица во Кичево и Штип за безобѕирно управување со моторно возило
-
Почина 34-годишен маж во сообраќајка на патот Штип - Карбинци
-
Приведен 45-годишен охриѓанец за издржување затворска казна
-
ЕУ го поздрави Планот на Арапската лига за Газа
-
Трамп ја прекина суспензијата на споделување разузнавачки информации со Украина