Таравари: Се анализира работата на директорите во јавното здравство
Во Министерството за здравство се прават анализи на работата на директорите на јавните здравствени установи во државава. Министерот Арбен Таравари вели дека е потребно време за да се соопшти кои не работат како што треба и да бидат пофалени тие што заслужуваат.
На новинарско прашање колку е задоволен од работата на директорите на ЈЗУ и дали ќе има промени, Таравари одговори дека има „перфектни, одлични, многу добри, добри и слаби директори“.
- Секогаш кога ќе направите избор од 150 раководни кадри во јавните здравствени установи, некои ќе бидат многу добри, некои се слаби. Ние како Министерство за здравство ги анализираме перформансите на директорите и нормално е таму каде што не се раководи баш како што треба, би требало да имаме промени. Но, дозволете ми време за да имаме основи и факти за некои од директорите дека генерално не функционирале добро, а тие што функционирале многу добро и перфектно треба да ги пофалиме и да ги кажеме. А тоа веќе и се гледа кога одиме да промовираме некои работи, од ништо прават нешто. И тоа е за пофалба, рече Таравари, одговарајќи на новинарски прашања на настан на кој беше најавен проект за унапредување на образованието за медицински сестри и акушерство.
На прашање колку од назначените директори за работата имаат најслаба оценка, министерот побара време за, како што рече, да ги види сите податоци што ги има подготвено екипата во Министерството за здравство.
- Не сакам да зборувам паушално. Меѓутоа, и од здравствените работници добиваме информации дека во одредени болници, здравствени домови и клиники има незадоволство од тоа што некои директори не се однесуваат баш како што треба, а тие треба да бидат диригенти на една екипа која треба да функционира што поубаво затоа што на крајот, во центарот на вниманието во здравството се пациентите кои треба да бидат задоволни, додаде Таравари.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Груби заедно со стопанственик со дипломатско возило вчера ја напуштил Македонија и заминал во Косово
-
Уште две деца повредени по новиот предизвик на „Тик ток“, хоспитализирана 15-годишна девојка
-
Вооружен грабеж во „Комерцијална банка“ во Чаир
-
Тошковски: Ќе покажеме дека криминалот и насилството се неисплатливи во Македонија
-
ФИФА и се извини на Украина што покажа карта без Крим во нејзината територија
-
Тошковски: Со истрагата за криминалната група „Беланоца-Барон“ најмалку седум убиства се расветлени
-
Меџити ја претстави Планската програма за почист воздух 2024-2030
-
Пронајдена почината британка на улица во Скопје