Таравари: Наскоро ќе има нови директори, бараме најдобри решенија
Наскоро ќе има нови директори, расмислуваме и секогаш мислиме за најдобри решенија, затоа и не брзаме. Здравството треба полека да изнаоѓа луѓе кои знаат и умеат убаво да управуваат со здравствените институции, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.
Ако имаме успешни директори, посочи, ќе бидеме успешни како министри, а и Владата.
- Затоа не брзаме, ќе изнајдеме најдобри решенија, само дајте ни малку време, истакна Таравари, одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на проектот „Добредојде бебе“.
Во врска со тоа до каде е постапката со гинекологот во Шуто Оризари, рече дека гинекологот е најден, веќе е нострифицирана дипломата, има земено лиценца за работа од Лекарската комора и во тек е процедура за регистрација на приватна здравствена установа или консеционерство.
- Се надевам за неколку недели ќе завршат процедурите, додаде Таравари.
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта