Таравари: Ќе се ревидираат договорите на дело, исплаќани високи хонорари
Во Министерството за здравство ќе се ревидираат потпишаните договори на дело. Министерот за здравство Арбен Таравари денеска истакна дека има голем број вработени со договори на дело и оти некои земале месечни суми шест пати повеќе од просечната плата во Македонија.
- Не ги знам точно. Има голем број вработени со договор на дело. Одредени луѓе од нив коишто земале месечни суми што се пет-шест пати повеќе од просечната плата на обичен граѓанин во Република Македонија. Не ги знам точно, но мислам дека се убави плати, како на запад. Сега ревидирaие и ќе видиме. Не ги знам по име точно, знам дека постојат такви луѓе коишто примале многу високи износи на плати. Ќе ги ревидираме, ќе ги видиме и институционално ќе се реагира, изјави денеска министерот одговарајќи на новинарски прашања на промоцијата на кампања „Со клучни одлуки до здрава заедница“.
Ново на Сител
-
Како да се „спасат'' Преспанското и Охридското Езеро?
-
Тема на денот со претседателката Гордана Сиљановска Давкова
-
Бугарскиот амбасадор одби да ја прими протестната нота од МНР, за Сител вели не бил прекршен ниту еден протокол
-
Протестна нота за бугарскиот амбасадор, за МНР потегот е несоодветен и неевропски
-
Радуков со позициите на Радев во МНР, одбил да ја прими протестната нота
-
Комитетот почна со истрага во М-НАВ, за неколку дена се очекува првичниот извештај
-
Уставен суд пред конечна одлука, дали да застарува извршувањето на долговите
-
Есенската кошница ќе се носи следната недела