Македонија
17. September 2024 - 8:04

Во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на демократијата - 15 Септември

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе се одбележи Меѓународниот ден на демократијата - 15 Септември.

Како што соопшти собраниската прес-служба, на отварање на настанот во присуство на деца и младинци од основни и средни училишта поздравни обраќања ќе имаат претседателот на Парламентот Африм Гаши, швајцарската амбасадорка Вероник Улман, генералната секретарка на Собрание Марина Димовска, како и вишиот резидентен директор на НДИ, Роберт Скот Хејзлет.

Според агендата ќе биде изведен перформанс – пантомима, фотографирање со пратеници и пратенички покрај картолините од стрипот „Како Риса го запозна Собранието“ и изведувачите, запознавање со работните тела на Собранието и организирана обиколка на зградата на Собранието.