Таравари ги посети пациентите од трагедијата во Кочани кои се лекуваат во Истанбул
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска ја посетил болницата „Чам ве Сакура“ во Истанбул, каде што се лекуваат двајца од младите повредени во пожарот во Кочани.
-Во оваа болница првично биле примени шест пациенти, од кои четворица сега се пуштени на домашно лекување откако им се подобрила здравствената состојба. Двајцата преостанати пациенти, Мартин и Борис, се во стабилна состојба и продолжуваат со закрепнувањето, се наведува во соопштението.
За време на посетата Таравари, придружуван од претставници на Конзулатот на Северна Македонија во Истанбул, се сретнал и со родителите на пациентите и изразил „поддршка и солидарност во овие тешки моменти“.
-Тој изрази посебна благодарност до д-р Мустафа Туран и конзулот на Северна Македонија во Истанбул, Идриз Фазлиоски, за покажаната грижа и посветеност. „Свежата болка на Кочани е донекаде ублажена од Мартин и Борис, кои се подобри и наскоро ќе ги пречекаме дома. Ви благодариме, драга Турција, за целата грижа и гостопримство, нагласил Таравари.
Министерот за здравство вчера во Едрене, Турција, учествувал и се обратил на Балканскиот здравствен бизнис-форум при што соопштил дека 165 пациенти од Северна Македонија во 2024 година биле лекувани во здравствени установи во Турција.
Ново на Сител
-
35-годишен скопјанец пријавил дека бил тепан од неговата сопруга
-
Украдено возило на АРМ оставено на автомеханичар
-
Во координирана акција запленети 283 килограми шверцуван тутун
-
Бензините и дизелот од ноќеска поскапи за два денара
-
Крводарителска акција на 30 април по повод Светскиот ден на слободата на медиумите
-
Оддадена почит за убиените осум бранители кај Вејце во 2001 година
-
Светска банка: Раст од 2,6 проценти на македонскиот БДП, 2,5 во 2026-та
-
Костадиновски: Уставниот суд има потреба од закон за доуредување, статус кво состојбата нема да донесе никому ништо добро