Таравари: Доколку имало пропуст или грешка за пациентот од Кардиохирургија одговорност ќе има

За починатиот пациент на Државна кардиохирургија ќе има одговорност, доколку имало пропуст или грешка околу неговото лекување, рече министерот за здравство Арбен Таравари во денешната изјава за медиуми за време на Втората Ренална експертска академија што се одржува во Скопје.
Тој рече дека сѐ уште не го видел извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Инспекторатот во текот на вчерашниот ден спроведе вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ УК за државна кардиохирургија - Скопје, по издадена наредба од министерот Таравари, а во врска со третманот и лекувањето на сега починатиот пациент T.A од Скопје.
Министерот беше прашан дали ќе има санкција за Државната кардиохирургија и дали ќе се бара испитување во приватната клиника.
- Сите сме потенцијални пациенти. На сите може да ни се случува. За среќа во Македонија имаме три клиники каде што се работат вакви операции, меѓу кои, државната и две приватни. Дајте ми да го видам извештајот од ДСЗИ, одговорност секако ќе има доколку имало пропуст или грешка, одговори Таравари на прашањето, што ако денеска дојде таков пациент дали повторно ќе му се случи истото како на првиот пациент и каде да се оперира тој пациент.
Ново на Сител
-

Кој го понесува најголемиот удар од блокирањето на Ормутскиот теснец?
-

Тема на денот со Ана Павловска Данева, Уставна судијка
-

ОЈО оформи предмет за Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош
-

Пиштол вперен кон сопругата, нападната ќерка - тројца мажи уапсени за семејно насилство
-

САД и Израел ги интензивираат нападите врз Иран, војната влегува во седмиот ден
-

Околу 800 Македонци побарале да се вратат дома од погодените земји
-

Нема потреба од паника, залихи на нафта има доволно
-

Документ на ЦИА за Киро Глигоров ги разбуди партиите за името
