Таравари доби мнозинство и поддршка од општинскиот совет
Нов претседател на Советот на општина Гостивар е Бесим Мемеди. Тој беше избран на денешната седница на Советот откако досегашниот претседавач Насир Муслиу поднесе оставка. Со промената беше промовирно и новото мнозинство коешто се создаде околу Алијансата за Албанците.
Најавите за ново мнозинство започнаа со почетокот на седницата по што се прејде на избор за нов претседавач, а по два обида седницата да ја води најстариот член на советот, беше прифатен предлогот тоа да биде советник од редот на Алијансата. Клучниот глас за промена на мнозинството што доскоро го предводеа ДУИ и СДСМ дојде од советникот Кашмир Салиу од Демократскиот сојуз на Ромите.
За изборот на новиот претседавач Мемеди, гласаа советниците од Алијансата, ВМРО ДПМНЕ, двајцата советници од НДП беа воздржани, а советниците од ДУИ и СДСМ беа против. Со ваквиот распоред на силите Советот има мнозинство кое го предводи партијата на градоначалникот Арбен Таравари, Алијанса на Албанците.
Советникот на СДСМ, Зоран Ангелов се спротистави на начинот на избор на претсадавач нагласувајќи дека со ваквите постапки се кршат деловникот и законите. Ангелов сметаше дека по оставката на претходниот претседател, седницата треба да ја води најстариот советник од Советот, па дури потоа да се прави избор што според него тоа не исполнето.
Ново на Сител
-
Аларматни бројки: 40% од младите во Македонија пушат цигари - како да се сменат состојбите?
-
Сиљановска Давкова на самит на Европската политичка заедница во Данска
-
Иднината е во дигитализацијата – Целта е да станеме центар на дигитални иновации во регионот
-
Екс директорот на затворот во Шутка негира вина
-
ВМРО-ДПМНЕ денеска во Зрновци и Виница
-
СДСМ денеска во Кисела Вода и Аеродром, Шукова ги презентира најважните 20 проекти
-
Османи: На првиот ден ќе прогласам вонредна состојба во Чаир за решавање на проблемот со хигиената
-
Алиу: Стручната комисија се уште ги разгледува новите 5 претставки за извршени кардиохируршки интервенции