Таравари: Да се повлече указот за Фрчкоски за амбасадор во ОН
Генералниот секретар на Алијансата за Албанците (АА), Аребен Таравари, денеска на прес- конференција во Гостивар, се осврна на именувањето на Љубомир Фрчкоски за амбасадор на Северна Македонија во ОН во Њујорк и побара од претседателот државата Стево Педаровски да го повлече указот.
– Овој указ низ мрак на претседателот Пендаровски е невиден дипломатски скандал и навреда за повеќето граѓани, од повеќе причини. Првата се однесува на политичкиот ангажман и длабоко антиалбанскиот пристап на Фрчкоски. Како идеолог на СДСМ и поранешен министер за полиција ги користеше истите методи на прислушување како Груевски и беше сценарист на масакрот на Бит Пазар, аферата со оружје и многу други епизоди на газење на Албанците, за кои никогаш не е одговорено, оцени Таравари на прес конференцијата во седиштето на огранокот на АА.
Според него, Фрчкоски е албанофоб и непожелен во САД.
– Затоа го повикуваме претседателот Пендаровски, ако по секоја цена сакаат да го направат Фрчкоски амбасадор, единственото место каде што овој поединец би бил прифатлив е Путиновата Москва, но во никој случај престолнините на нашите западни сојузници, рече Таравари.
Ново на Сител
-

Иранската револуционерна гарда повторно им се заканува на бродовите на американските или израелските сојузници
-

Уапсено лице од струшко, фатен е при обид да опожари сува трева и грмушки
-

Писториус: НАТО ја штити Европа од ирански ракети
-

Тошковски: Психофизичката подготвеност е темел на професионалната полициска служба
-

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ
-

Скопјанец возел со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила
-

Трамп ја поздрави одлуката на МОК за забрана на трансродови жени во женска конкуренција на ОИ
-

Советот на јавни обвинители не избра нов шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје
