-->
-->
„Тандем“ илјада
-->

Лионел Меси и Крстијано Роналдо ќе останат запаметени како едни од најдобрите фудбалери на сите времиња. Покрај играчките квалитети и податокот дека во изминатите десет години, осум пати ја добивале престижната „Златна топка“ (Меси пет пати, Роналдо три пати), на нивна страна е и статистиката, која вели дека овие двајца од почетокот на своите кариери заедно имаат постигнато 1.000 голови.
Барселона, во саботата, славеше над Атлетико Мадрид 2:1, а првиот гол за Каталонците го постигна Меси. Со овој гол тој и Роналдо стигнаа до 1.000 погодоци од почетокот на своите кариери.
Меси, во досегашната кариера има одиграно 613, а голот против Атлетико беше 482-от во кариерата, од друга страна Роналдо на 773 натпревари постигнал 518. Заедно, на 74 натпревари постигнале ‘хет-трик’ (Меси 36, Роналдо 38). Аргентинецот во просек ги тресе мрежите на секој 0,79 натпревари, а Роналдо на 0.67.
Меси (28) и две години повозрасниот Роналдо досега освоиле 42 трофеи (Меси 26, Роналдо 16).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
-

Случајот во ОУ “Киро Глигоров” е повик за помош да им се помогне на децата кои предизвикуваат заплашување и инциденти
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
