Танчерки и пејачки без документи откриени во бар во Чегране
Синоќа во 01,20 часот по Наредба за претрес од ОС-Гостивар, од страна на овластени службени лица при МВР и УЈП, извршена е контрола во угостителски објект „Нота“ во с.Чегране–Гостивар.
При врачување на Наредбата за претрес на сопственикот Ш.Ш., истиот вербално нападнал еден од полицајците и сакал физички да се пресмета, по што избегал од објектот. По извршената контрола и претрес во објектот затекнати се и пронајдени 8 државјанки на Р.Албанија, од кои 6 немале документи за идентификација.
Девојките се на возраст од 21 до 33 години и наводно биле ангажирани како пеачки и танчерки. Истите се приведени во Полициската станица Гостивар.
Во 04,00 часот И.Ш.(1972), брат на сопственикот на угостителскиот објект„Нота“, неповикано дошол во полициската станица и донел 6 албански патни исправи на приведените, кои во моментот на приведувањето не биле во нивно владение.
Објектот, со решение на УЈП е затворен на 30 дена, а гостиварската полиција презема мерки за целосно документирање на случајот.
Ново на Сител
-
Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Гостивар и Тетово
-
Митинзи на СДСМ и коалицијата во Гевгелија и Валандово
-
Застрелан носителот на листа на ДУИ во Липково
-
Уапсени управители на старечки дом во Капиштец, се сомничат за нехуман третман на корисниците
-
Тема на денот со Борис Ѓорѓиевски, Дојче Веле
-
Почнува пријавување за бесплатната вакцинација против грип за ризичните групи
-
Апсење за нехуман третман на стари лица
-
4% инфлација во септември