Свет
25. April 2019 - 11:35

Талибанците од заседа убија девет авганистански полицајци

Талибанците од заседа нападнаа конвој на авганистанските безбедносни сили при што загинаа девет полицајци, соопшти денеска претставникот на локалната власт во покраината Фарах, Абдул Самад Салехи.

Тој наведе дека конвојот синоќа се движел кон областа Анард за да демонтира бомба поставена покрај пат.

По нападот на конвојот, талибанците го зазеле штабот на локалната полиција и под нива контрола бил неколку часа.